Солскјер: Го сакав Белингем во Манчестер Јунајтед

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, призна дека пред да замине во Борусија Дортмунд, сакал да го донесе Џуд Белингем на „Олд Трафорд“.

Тоа се случувало во 2020 година, кога Белингем беше дел од Бирмингем, а потоа се реши да му се придружи на тимот на Борусија, иако имал можност да остане во Англија и да биде дел од „Црвените ѓаволи“.

„Го следевме Белингем и во 2020 година сакавме да го донесеме во Манчестер Јунајтед. Тој знаеше за интересот, но потоа одбра да оди во Борусија Дортмунд. И јас го ценам тоа“, рече Солскјер.

Ова лето Белингем замина во Реал Мадрид и во првите неколку кола покажа дека ќе биде топ засилување за „кралевите“.

Се вчитува...