Солскјер го убедува Погба да остане, го пикира Бакајоко за следнот засилување

Оле Гунар Солскјер верува дека може да го убеди Пол Погба да остане во Манчестер Јунајтед и покрај отворено изразената желба на Французинот за „нов предизвик“. Јувентус и Реал Мадрид се заинтересирани за него, но менаџерот најавува дека ќе направи се во неговите можности за да го задржи на „Олд Трафорд“.

Заинтересираните клубови за Погба треба да понудат околу 150 милиони евра. Неговиот агент,  Мино Раиола соопшти дека веќе работи на заминување од Манчестер и покрај тоа што францускиот репрезентативец има уште две години од договорот.

Погба е со екипата во Австралија на предсезонската турнеја. Солскјер се надева дека добрата амосфера на турнејата ќе го предомисли. Сепак од таму излезе официјално клупско видео на кое се гледа конфликт меѓу Погба и Џеси Лингард. Очигледно е дека Погба налутено му се обраќа на Лингард, а ситуацијата ја смирува Виктор Линделов.

Паралелно со битката за Погба, Солскјер се обидува да доведе и нови играчи и да ја продолжи реконстукцијата на тимот. Последните информации велат дкеа тој би сакал да го доведе Тиму Бакајоко. Играчот од средниот ред кој минатата сезона ја помина на позајмица во Милан има уште три години од договорот со Челси.

Се вчитува...