Солскјер: Грешевме како јуниори, ништо не е готово

Манчестер Јунајтед преку фантастично второ полувреме успеа да направи целосен пресврт во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа против тимот на Рома и да слави со 6-2. Рома ја диригираше играта во првото полувреме во кое користејќи ги грешките на домаќините стигна до 1-2, но „црвените ѓаволи“ беа убедливи во вториот дел, постигнувајќи 5 гола.

И покрај убедливата победа тренерот на тимот од „Олд Трафорд“ вели дека неговиот тим е далеку од финалето.

„Одигравме добар натпревар во второто полувреме, но не мислам дека е готово. Свесни сме за квалитетите на Рома која постигна два гола од две прилики од наши грешки. Тие грешки беа на нивото на јуниори или школки фудбалери, а тоа на ова ниво не смее да се случува. Добро е што не ја изгубиме главата туку се прибравме на време“, изјави по мечот тренерот на Манчестер Јунајтед.

Притоа Солскјер се осврна и на Едисон Кавани кој со два гола и две асистенции беше предовдник на „црвената“ чета. Договорот на Уругваецот со Јунајтед завршува на крајот на сезоната, а тренерот вели дека би му било драго доколку остане.

„Тој знае како јас размислувам, знае дека би сакал да остане. Тој не е само стрелец, за нас прави многу нешта. Тој е средната фигура која вклучува и други во играта. Одушевен сум од него и ќе дадам се од себе да го имаме во тимот и следната сезона. Му говорам дека „Олд Трафорд“ е сосема различен со навивачи, а Манчестер е сјајно место за живот. Резултатите кои ги постигнуваме ми помагаат во тоа“, додава Норвежанецот.

Се вчитува...