Солскјер има план за Хари Кејн – играч „плус“ пари

Манчестер Јунајтед го составува тимот за враќање на старите патеки, но на Оле Гунар Солскјер му се потребни засилувања за конурентност на повеќе од една сцена. Една од желбите на норвешкиот стратег е и напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Англичанецот е пред заминување од таборот на „спарси“ во потрага по нов предизвик и шанса за освојување на трофеи, а тоа ќе се обиде да го искористат „црвените ѓаволи“ со големите амбиции за годините кои следат.

Газдата на Тотенхем во минатото изјави дека доколку напаѓачот замине од редовите на лондонскиот тим тоа нема да биде конкурент од Премиерлигата, но во планот за доведување на Кејн на „Олд Трафорд“ улога ќе има и Ентони Марсијал. Французинот не е задоволен од минутажата која ја добива во Манчестер Јунајтед, оваа сезона беше во втор план, а со најавите за трансферот на Џејдон Санчо и целосно би го загубил местото во тимот, па смена на средината за 25-годишникот е прва опција ова лето.

Претходно интерес за Кејн покажа и Манчестер Сити, но проблем и за двата клуба од Манчестер претставува фактот дека Тотенхем инсистира на отштета од 150 милиони фунти за својот најдобар фудбалер.

Се вчитува...