Солскјер категоричен: Погба и Де Хеа не се на продажба

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед нема да ги продава своите клучни играчи, Пол Погба и Давид де Хеа, иако за нив има голем интерес од големиѕе европски клубови. Погба е во плановите на Реал Мадрид и на Јувентус, а Давид де Хеа има понуда од соништата од Пари Сен Жермен. Но, менаџерот Оле Гунар Сослкјер категорично ги отрфла шпекулациите дека тие би можеле да си заминат од „Олд Трафорд“. Напротив, околу нив ќе го гради тимот за следната сезона.

Најголемата болка на Јунајтед е Алексис Санчез. Тој заработува околу 500.000 фунти неделно и тоа секако прави раздор во соблекувалната, со оглед дека според игрите и апсолутно не ги заслужува. Погба, Де Хеа и останатите лидери сакаат најмалку да се израмнат со него според заработката. Затоа, првичната цел на Солскјер е да најде солуција за продажба на Чилеанецот. Можно е да замине и Лукаку, а во опција како нови имиња се споменуваат Џејдон Санчо, па дури и враќање на Мемфис Депај. Одбраната треба да биде засилена со Хери Мегваер и можеби со Деклан Рајс.

Се вчитува...