Солскјер ќе го награди трагичарот Лингард со нов договор

Џеси Лингард по една сезона помината на позајмица во Вест Хем се врати во Манчестер Јунајтед, но со него не успеа да ја префрли и одличната форма од настапите за лондонскиот тим. Англискиот репрезентативец повторно е во втор или трет план во редовите на „црвените ѓаволи“, а и шансите кои ги добива не ги искористува во право светло.

Така беше на натпреварот во Лигата на Шампионите против Јанг Бојс на кој грешката на играчот од средниот ред кој буквално му поклони гол на противникот значеше и пораз на манчестерскиот клуб. Но, и покрај тоа повремениот англиски репрезентативец ќе добие нов договор од тимот, потврди тренерот Оле Гунар Солскјер.

„Лингард има уште една година од неговиот договор и нормално е дека говориме со него и неговиот татко за продолжување на договорот. Во иднина го гледаме како играч на Манчестер Јунајтед“, изјави норвешкиот стратег.

Се вчитува...