Солскјер: Манчестер не завршил со трансферите летово

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се надева дека до почетокот на сезоната на „Олд трафорд“ ќе дојдат уште засилувања.

„Имаме долгорочен и краткорочен проект. Не можеме да размислуваме само за иднината, мораме да бидеме свесни дека мораме уште сега да бидеме конкурентни. Донесовме вистински фудбалери, а работиме на доведување на уште еден или двајца“, изјави Солскјер. 

Досега нови членови на „црвените ѓаволи“ се Даниел Џејмс од Свонси и Арон ван Бисака од Кристал Палас.

Се вчитува...