Солскјер: Мечот со Вулверхемптон е најлошиот откако сум на чело на Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека натпреварот против Вулверхемптон е најслабиот меч на неговите фудбалери од неговото доаѓање на клупата на „црвените ѓаволи“. Тоа е втор пораз во низа за клубот во домашните натпреварувања, откако минатиот викенд загубија од Арсенал.

„Ова е голем чекор назад за нас. Ова е најслабото издание на тимот откако сум дојден. Ни недостасуваше агресивност, немавме прецизни додавања. Се надевам дека некои играчи ќе имаат добри мечеви за своите репрезентации, со што ќе им се крене самодовербата“, изјави Солскјер. 

По поразот од Вулверхемптон единствена шанса за трофеј оваа сезона за гигантот од Манчестер е Лигата на шампионите, каде во четвртфиналето ќе се сретнат со Барселона.

Се вчитува...