Оле Гунар Солскјер му понудил на Пол Сколс работа во Манчестер Јунајтед. Норвежанецот протврди дека го поканил поранешниот соиграч да се приклучи во тренерскиот тим на „Олд Трафорд“.
„Поканет е, ако сака да дојде да поразговараме. Си пишавме пораки“ – рече Солскјер.
Сколс само по 31 ден ја напушти работата во Олдам по само седум натпревари на клупата. Тој кратко работеше како тренер во Јунајтед во 2014 година кога Рајан Гигс го водеше клубот по отказот на Дејвид Мојс. Го предводеше и тимот за играчи до 23 години уште од времето кога Алекс Фергусон беше на кормилото. Играчката кариера ја заврши во 2011.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА