Солскјер: Очајно посакувам трофеј со Манчестер Јунајтед

Во пресрет на вечерашниот дуел со Евертон во четвртфиналето од Лига купот, Оле Гунар Солскјер изјави дека Манчестер јунајтед е очаен да освои трофеи оваа сезона.

Манчестер Јуанјтед е клубот кој го освоил англискиот шампион најмногу пати, дури 20, и освоил сè што може да се освои, особено во времето на Сер Алекс Фергусон, а последен пат успеа да освои трофеј во времето на Жозе Мурињо, во 2017 година.

„Се разбира, ова е куп кон кој се стремиме. Ние сакаме да напредуваме секоја сезона, а подобрувањето во минатото ќе значи успех само ако се пласираме во финалето. Секако, кога ќе стигнете до финалето, важно е само едно, а тоа е подигнување на трофејот. Се сеќавам кога го освоив мојот прв трофеј, и оној близу крајот на мојата кариера, што мислам дека беше прв за Патрис Евра и Немања Видиќ. Тоа беше Лига купот во 2006 година. Тоа навистина му дава нешто на тимот. Очајно сакаме да стигнеме до трофеи оваа сезона. Овие играчи се очајни да научат како да победат “, рече норвешкиот тренер.

Дуелот помеѓу Евертон и Манчестер Јунајтед се игра на „Гудисон Парк“ вечерва со почеток од 21 часот.

Се вчитува...