Оле Гунар Солскјер мора да се ослободи од неколку првотимци за да отвори простор во екипата за носење на нови фудбалери во летниот преоден рок. Како што информираат британските медиуми, списокот на играчи на кои Солскјер нема да смета во следната сезона е веќе составен и на истиот се наоѓаат пет фудбалери: Алексис Санчез, Антонио Валенсија, Маркос Рохо, Матео Дармијан и Хуан Мата.
Најзвучно име од петмината дефинитивно е Алексис Санчез, Чилеанецот воедно е и најплатен фудбалер на „црвените ѓаволи“, а прикажува очајни настапи по транссферот од Арсенал. Проблем ќе биде да се најде клуб што целосно ќе ја покрие плата од половина милион евра неделно, па доколку тоа не се случи Јунајтед ќе мора да го испраќа Алексис на позајмица и во наредниот период да покрива дел од неговата плата.
Хуан Мата станува слободен играч на крајот од сезонава, нема да потпише нов договор, а интерес за неговите услуги искажаа Атлетико Мадрид, Арсенал, Интер… Матео Дармијан никогаш не се наметна како стандарден првотимец во Јунајтед, па Солскјер ќе му дозволи да се врати во татковината, каде Интер, Наполи и Јувентус покажуваат интерес за неговите услуги.
Капитенот Антонио Валенсија е поврзуван со Арсенал, исто како и дефанзивецот Рохо, за кого опција е и враќање во родната Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА