Солскјер: Погба е жртва на завера, има некаква агенда против него

Пол Погба е голем професионалец кој никогаш не се ставил себе си пред тимот. Ова е дел од коментарот на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер за ситуацијата со францускиот репрезентативец, а особено за наводниот инцидент меѓу Погба и Џеси Лингард.

„Ова е некаква агенда против Пол, тој е голем професионалец, никогаш не правел проблеми, има срце од злато. Вчерашната случка меѓу Џеси и Погба ја отсликавте како инцидент, знам дека мора да продавате играчи и приказни, но тие и двајцата се професионалци“ – изјави Солскјер на првата прес конференција во Перт каде што Јунајтед е на претсезонска турнеја.

Солскјер потврди дека досега во клубот нема ниту една официјална понуда за купување на Погба. Дел од британските медиуми тврдат дека менаџерот и Французинот имале состанок и оти наводно се договориле Погба да остане уште една сезона, а да биде продаден следното лето. Погба има уште две години од договорот со Манчестер Јунајтед. За него наводно се заинтересирани Реал Мадрид и Јувентус.

Се вчитува...