Солскјер преживеа, Јунајтед на „крилјата“ на Роналдо убедливо го победи Тотенхем (ВИДЕО)

По дебакалот на домашен терен од Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Роналдо брзо се вратија на победите откако на гостински терен успеаја да го победат Тотенхем со убедливи 3-0.

Кристијано Роналдо ги враќа надежите во редовите на „црвените ѓаволи“, па во првото полувреме Португалецот постигна маестрален гол за водство над Тотенхем.

Одлична асистенција на Бруно Фернандеш, а уште подобар гол на Роналдо, кој со „волеј“ шут ја зафати топката од неверојатно тежок агол и ја смести во мрежата на „петлите“. Во второто полуверме Јунајтед само ја запечати победата, Едисон Кавани зголеми во 64.минута по асистенција на Роналдо, а конечните 0-3 ги постави Рашфорд во 86.минута.

„Црвените ѓаволи“ по оваа победа се наоѓаат на петата позиција со освоени 17 бода.

 

 

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...