Солскјер сака да го гради тимот околу Пол Погба

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека Пол Погба е феноменален фудбалер кој е способен да биде лидер на тимот од „Олд Трафорд“.

„Пол е фантастичен фудбалер и одлична личност. Голем професионалец. Кога бев тренер во Молде, секогаш сум говорел дека сакам да имам фудбалер како Погба во мојот тим. Тоа го мислам и сега. Знаеме дека често беше критикуван, но луѓето го сакаат“, вели Солскјер. 

„Црвените ѓаволи“ минатата сезона ја завршија на шестата позиција на табелата во Премиер-лигата, а токму Пол Погба беше критикуван како еден од главните виновници за слабата сезона на клубот.

Се вчитува...