Солскјер: Сакам мојот тим да биде како тој на Фергусон во 1999

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се потсети на времето на „Олд Трафорд“ кога на клупата беше легендарниот Сер Алекс Фергусон. Норвежанецот вели дека сака да го пренесе духот од тоа време на играчите, кои ги очекува дуелот со Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

„Секој ден на тренинг се предизвикувавме едни со други. Имаше и тепачки, но постоеше и правда, каква што немам видено во многу тимови. Никогаш не прифаќавме некој да не се вложи сто проценти на тренинзите. Tој дух се пренесе на натпреварите, каде што никогаш не се предававме. Постоеше неверојатен тимски дух. Сакам истото да го прават и моите фудбалери. Да се поддржуваат еден со друг, за да бидат победници како што бевме ние“, изјави Солскјер. 

Манчестер Јунајтед утре на „Олд Трафорд“ ја пречекува Барселона во првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите.

Се вчитува...