Солскјер тргнува во офанзива по двоец на Јувентус

Оле Гунар Солскјер доби одврзани раце од раководството на Манчестер Јунајтед за засилување на тимот со кој во новата сезона „црвените-ѓаволи“ треба да се вратат на врвот во англискиот фудбал.

Солскјер кој има големи проблеми со ростерот поради недоволен број на квалитетни фудбалери, сака во своите редови да го доведе бразилскиот двоец од Јувентус, Даглас Коста и Алекс Сандро. Се очекува англискиот гигант за нивните услуги на „старата дама“ да и исплати вкупно 72 милиони фунти.

Од друга страна новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло има нова идеја за изгледот на тимот во новата сезона, а очигледно веќе има изјавено дека нема да смета на услугите на Бразилците.

Се вчитува...