Солскјер во големи проблеми – Глупоста на Погба донесе негова и повреда на Бруно Фернандеш

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се соочува со големи проблеми пред натпреварот со Бурнемаут. На денешниот тренинг дошло до повреда на Пол Погба и Бруно Фернандеш, поради што двете први ѕвезди на клубот се под знак прашалник за мечот против Бурнемаут.

Главен виновник за повредата е Пол Погба кој бил невнимателен и по еден остар старт над Фернандеш и двајцата фудбалери се пожалиле на повреда. Повредата на одличниот двоец не можеше да дојде во полош момент за „црвените-ѓаволи“, бидејќи по паузата токму предводен од овие двајца клубот од „Олд Трафорд“ е на добар пат да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...