Солскјер за инцидентот меѓу Кавани и Мина: „Ништо страшно…“

Манчестер јунајтед славеше со 0-2 против Евертон во четвртфиналето од Лига купот на Англија, во натпревар во кој имаше и груби детали.

Еден од нив беше и инцидентот меѓу Кавани и Мина, кога напаѓачот на Јунајтед во еден момент го удри стоперот на Евертон. Главниот судија и неговите помошници сето тоа не го видоа, а со оглед на тоа дека ова натпреварување нема ВАР, се чини дека Кавани се извлече.

По натпреварот со свој коментар за инцидентот и менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

„Ништо не беше тоа. Двајца фудбалери кои претходно воделе битка и во Копа Америка, и тоа е тоа. Беше ова одличен натпревар, со навивачи, стартови, жолти картони и шанси на двете страни. Уживав“ – изјави Солскјер по натпреварот.

Се вчитува...