„Вози одговорно“ во режија на Манчестер Јунајтед и Солскјер (ФОТО)

Оле Гунар Солскјер во четвртокот доби перманентен договор од Манчестер Јунајтед и ќе остане на клупата на „црвените ѓаволи“ во наредните три години. Тој го воскресна тимот по очајните игри под водство на Жозе Мурињо, повторно е миленик на „црвениот дел од Манчестер“, па градските власти во соработка со Манчестер јунајтед го искористија тоа и за мала кампања за сигурност во сообраќајот.

Утринава на сообраќајните знаци во градот стоеше порака: „Оле е зад воланот, држи ги рацете на твојот“.

 

 

Се вчитува...