Солун во пламен – ПАОК слави титула по 34 години чекање

Солун „гори“ вечерва, откако фудбалерите на ПАОК по чекање од 34 години конечно се искачија на врвот на грчкиот фудбал.

Победата над Левадијакос од 5-0 беше печат на фантастичната сезона во која ПАОК во досегашните 29 кола нема ниту еден единствен пораз, па со 25 победи и четири реми и импресивна гол разлика 64-14 ги остави зад себе ривалите Олимпијакос и АЕК.

По толкаво чекање, јасно е зошто фештата почна уште пред да почне дуелот со Левадијакос, а кулминираше по завршниот свиреж на судијата.

Погледнете дел од фантастичната атмосфера на стадионот „Тумба“ во Солун.

Се вчитува...