Лионел Меси уште еднаш покажа колку му значи дресот на Аргентина, бидејќи не успеа да ги скрие своите емоции во историската ноќ. Капитенот на светскиот шампион ја затресе мрежата веќе во 17. минута од натпреварот, кога и донесе предност на својата репрезентација против Алжир на почетокот од Светското првенство.
Меси ја прифати топката на средината од теренот, се упати кон голот на противникот, а потоа со моќен удар од далечина го совлада алжирскиот голман Лука Зидан за водство на Аргентина од 1-0.
По голот, следуваше голема прослава на аргентинските фудбалери, кои го опколија својот капитен. И во моментот кога емоциите го достигнаа својот врв, Меси не можеше да ги сокрие. Камерите забележаа трогателни сцени кога најдобриот фудбалер на сите времиња плачеше за време на прославата на голот, додека неговите соиграчи го прегрнуваа на теренот. Неговите солзи брзо станаа една од главните теми меѓу навивачите и на социјалните мрежи.
Многумина го сметаа тој момент за уште една потврда за тоа колку емотивно Меси се уште ги доживува настапите за репрезентацијата, и покрај се што освои со Аргентина за време на својата богата кариера. За потсетување Меси го заврши мечот со хет-трик во победата од 3-0 на неговата држава.
Just look at what representing Argentina still means to Lionel Messi. 🇦🇷
He’s just a few days away from turning 39. He’s won every major trophy the game has to offer. He has nothing left to prove to anyone.
Yet when he scored against Algeria, he was overcome with emotion and… pic.twitter.com/PgnssvTTgX
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) June 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
