Сон: Не се женам додека играм фудбал

Ѕвездата на Тотенхем, Сон претходните месеци го привлече вниманието на јавноста на себе, откако во времето на пандемијата од коронавирусот и суспендирањето на спортот во светот, одлучи да се врати во Јужна Кореја како би го завршил воениот рок. Сон вели дека нема намера да се жени се додека игра фудбал на високо ниво, а заминување во пензија планира да направи околу 33-34-годишна возраст.

„Татко ми ми даде неколку совети и се сложувам со нив. Кога ќе се ожениш на прво место ќе ти биде семејството, жената и децата, па потоа фудбалот. Додека играм на високо ниво сакам да бидам сигурен дека фудбалот ми е на прво место. Не знаете колку долго ќе можете да играте на високо ниво. Кога ќе се пензионирам на 33 или 34 години тогаш ќе  можам да се посветам на одличен живот со семејството“, изјави Сон. 

Сон сезонава во дресот на Тотенхем запиша 41 настап во сите натпреварувања, на кои успеа 18 пати да се запише во листата на стрелците и да забележи 12 асистенции.

Се вчитува...