Сон и голманот Газанига му донесоа триумф на Тотенхем

Тотенхем многу потешко од очекувањата го скрши отпорот на Кристал палас, совладувајќи го „фенерџијата“ на табелата со минимални 1-0. Мора да се истакне дека по Љорис и Алдервирелд, Покетино остана и без помошта на Деле Али, чие отсуство беше и повеќе од очигледно во играта на „спарси“.

Кристал палас имаше три одлични шанси, Заха промаши празен гол, а резервниот голман Газанига имаше две извонредни интервенции при 0-0, пред Кореецот Сон да го постигне побендичкиот гол со прецизен удар од работ на шеснаесетникот кон средината на второто полувреме.

Се вчитува...