Сон ја погоди мрежата на Борусија Дортмунд

Тотенхем поведе со 1-0 на дуелот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. На самиот старт од второто полувреме, Хјонг – Мин Сон успеа да ја погоди мрежата на германскиот тим. По центаршутот од левата страна, тој со волеј удар погоди за водство на Тотенхем. Тоа беше и прв директен удар во рамките на голот на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...