Сонот на ГРАНДЕ стана јаве: ПАНДЕВ ги поведе браќата на ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Сонот на Горан Пандев е јаве. Македонија ќе игра на Европско првенство. Реализирана е најголемата желба на најдобриот македонски фудбалер.

„Господ ги послуша молбите. Знаевме за што живееме, знавме што посакуваме и сега го добивме“ – порача Пандев веднаш по големата победа во Тбилиси.

Селекторот Ангеловски побара, па Горан Пандев вети и исполни. Ги поведе браќата до настап на Европско првенство.

 

Се вчитува...