„Сопка“ за Интер веќе во првото коло

Лучијано Спалети гласно најавуваше атак на скудетото, но тренерот на Интер ќе мора добро да размисли за слична ваква изјава во иднина откако неговиот се посрамоти на гостувањето против Сасуоло, губејќи со 1-0. „Нероаѕурите“ не ја оправдаа улогата на фаворит, му дозволија на домаќинот да доминира и да создава шанси, па Сасуоло дојде до заслужено водство со пеналот на Берарди, откако Миранда направи прекршок во сопствениот шеснаесетник.

Во второто полувреме во игра влегоа и Перишиќ и Кеита, но и покрај големата желба Интер не успеа да стигне ниту до реми, камоли до целосен резултатски пресврт.

Интересно беше на дуелот во Парма, каде домаќините прокоцкаа предност од 2-0 и на крајот ремизираа 2-2 против Удинезе.

Емполи го совлада Калјари со 2-0 со головите на Круниќ и на Капуто, а СПАЛ како гостин ја изненади Болоња со 0-1 благодарение на погодокот што во 71. минута го постигна Куртиќ.

Резултати Италија:

Торино – Рома 0-1, Болоња – СПАЛ 0-1, Сасуоло – Интер 1-0, Емполи – Калјари 2-0, Парма – Удинезе 2-2.

Се вчитува...