Сопругата му се закани, па мораше да си замине од Црвена Звезда

Црвена Звезда летово останува без Петер Олајинка, откако 28-годишниот крилен офанзивец по една година во српскиот првак реши да се врати назад во Чешка и повторно да потпише со стариот клуб Славија Прага.

Олајинка беше најавуван како суперзасилување откако минатото лето дојде меѓу белградските „црвено-бели“, но нигерискиот интернационалец имаше значителни осцилации во формата. Тренерот Милојевиќ сметаше на него и за наредната сезона, но Олајинка и официјално побара трансфер за причина наведувајќи го инсистирањето на сопругата, која е бремена и сака да се врати да живее во Прага.

Преговорите меѓу Славија и Црвена Звезда се интензивираа во последните денови, а потпретседателот на чешкиот клуб, Јарослав Тврдик, обелодени дека е постигнат договор висината на трансферот да изнесува два милиони евра.

„Црвено-белите“ веднаш најдоа нов голгетер откако денеска го официјализираа доаѓањето на Бруно Дуарте, бразилскиот напаѓач кој пристигна од португалски Фаренсе и потпиша тригодишен договор со српскиот шампион.

Се вчитува...