Сопругата на Фабрегас предизвика бес кај фановите: „Тоа се ситници, а?“

Даниела Семан, сопругата на Сеск Фабрегас, предизвика голем број негативни реакции со само една објава на Инстаграм.

Лисабонската манекенка одлучи да подели фотографија на која со семејството ужива во домашни услови. Но, со оглед на „скромноста“, следеа бројни коментари со критики што во едни вакви времиња го прикажува раскошниот живот.

„Ги ценам сите ситници повеќе од било кога“ – напиша Даниела, која со Сеск има пет деца.

Но, сето тоа наиде на лоша реакција од фановите…

„Животот се ситници, мала јахта, мал летниковец, мал базен… Да, да, баш ситници, тој твој шешир е можеби поскап од нечија куќа. Да, зборувај ни за ситниците“ – се дел од коментарите по нејзината објава.

 

View this post on Instagram

 

Appreciating all these little moments more than ever ??❤️

A post shared by Daniella Semaan Fàbregas (@daniellasemaan) on

А, Даниела не очекувала баш таква навала од негативни коментари, иако некои луѓе се само фрустрирани од фактот дека другите живеат раскошно.

Се вчитува...