Сопругата на Јокиќ испрати моќна порака за жртвите во Србија (ФОТО)

Светот на спортот беше шокиран од масакрот што се случи во средата наутро во основното училиште „Владисалв Рибникар“ во Белград, кога 13-годишно момче уби осум свои врсници и еден училишен чувар, а тешко повреди уште седуммина.

Во крвавиот настан загинаа седум девојчиња и едно момче.

За овој трагичен настан сопругата на Никола Јокиќ, Наталија се огласи од САД и објави моќен цитат на социјалните мрежи.

„Ќе молчам за сите мајки кои врескаат затоа што целиот свет им се сруши!“, напиша Наталија Јокиќ. 

Се вчитува...