Сопругата на Монтоливо го „блокира“ Милан

Рикардо Монтоливо не сака да си замине од Милан, иако „росонерите“ сакаат да се ослободат од него и да донесат нов играч за врска.

Тренерот Џенаро Гатузо веќе му кажал дека тој не е во неговите планови за оваа сезона, а лани по доаѓањето на Леонардо Бонучи, му ја одзеде и каптенската лента.

Но, Монтоливо и покрај се не сака предвреме да го раскине договорот и да си замине.Интересно во целата сага е што трансферот на 33-годишниот фудбалер е „блокиран“ поради сопругата на Монтоливо, Кристина Де Пин.

Италијанските медиуми објавија дека Монтоливо не сака да се сели од Милан бидејќи неговата сопруга била бремена, а договорот му е со важност до јуни 2019 година.

Се вчитува...