Сопственикот на Голден Стејт казнет поради Бен Симонс

Сопственикот на Голден Стејт Вориорс, Џо Лејкоб е казнет со 50.000 долари поради коментари поврзани со ѕвездата на Филаделфија 76, Бен Симонс. Спорните коментари беа во врска со барањето на Австралиецот да биде трејдуван од Филаделфија.

Лејкоб во спорниот коментар го нарече Симонс како кандидат за „најдобар дефанзивец во сезоната, а дополни и дека би сакал да го види во својот клуб“. Имено недозволено е да се наговоруваат јавно играчите да преминат во некој тим и токму поради тоа Лејкоб доби казна од НБА.

За потсетување Бен Симонс е незадоволен во Филаделфија каде не се појави на тренинг кампот и чека да биде трејдуван.

Се вчитува...