Сопственикот на ПСЖ на удар на јавноста: Срамна донација од 100.000 евра за борба со коронавирусот

Едно од најбогатите лице во светот, сопственикот на ПСЖ, Ал Келаифи се најде на удар на француската јавност поради одлуката да донира смешни 100.000 евра во фондацијата за помош на децата, постарите лица и бездомниците во моментите на борба со коронавирусот.

Од ПСЖ се одлучија да помогнат во борбата против Ковид-10, но сето тоа наиде на негативен оддек во јавноста.

Донацијата од само 100.000 евра изненади многумина ако се знае колкава е финансиската моќ на газдите на ПСЖ. Овој потег се опишува дури и како срамен. Поголемиот дел од граѓаните порачуваат дека подобро е воопшто и да не донирале затоа што вака го срамат името на ПСЖ.

Се вчитува...