Сопствениците на Сити купија уште еден клуб

Фудбалската групација Сити (ЦФГ) купи 65 отсто од индискиот Мумбаи Сити кој стана член на фамилијата која сега брои осум членови ширум светот.

Секако, Манчестер сити е најголем клуб кој е во сопствеништво на ЦФГ кој го предводи шеикот Мансур, а тука се уште неколку клубови. Покрај екипата од Манчестер, богатиот шеик во своја сопственост ги има и Њујорк сити, Мелбурн сити, Јокохама Маринос, Атлетико Торке, Жирона и Шичуан.

 

Се вчитува...