Сосиедад не го дава врвот во Ла лига (ВИДЕО)

Реал Сосиедад продолжува со одличните партии на стартот на новата сезона во Ла лига. Тие денеска успеаја рутински да триумфираат на гостувањето кај Селта Виго со 1-4.

Се почна во 24. минута кога Давид Силва стрелаше за 0-1, а само десет минути подоцна Ојарзабал го удвои водството. Прашањето околу победникот на мечот беше решено во 54. минута кога Вилиан Жозе зголеми на 0-3. Дмаќините преку Иаго Аспас од пенал во 77. минута намалија на 1-3, а конечните 1-4 со својот втор гол на натпреварот ги постави Вилијан Жозе во 82. минута.

Сосиедад повторно се искачи на врвот на Ла лига со 17 бода, односно еден повеќе од Реал Мадрид, но и натпревар повеќе. Селта Виго останува седумнаесетта со шест бода.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...