За нешто повеќе од еден час фудбалските репрезентации на Франција и Шпанија ќе се сретнат во првото полуфинале на Светското првенство кое што се одржува во САД, Канада и Мексико.
Двајцата селектори Дидие Дешамп и Луис де ла Фуенте ги избраа стартните состави. Педри повторно ќе почне од клупата како во четвртфиналниот дуел против Белгија, додека од друга страна во првиот тим на Франција се враќа Орелиен Чуамени кој поради повреда пропушти половина од мечевите на триколорите на овој шампионат.
Натпреварот е со почеток во 21 часот.
ШПАНИЈА: Симон, Кукуреља, Лапорт, Кубарси, Поро, Руиз, Родри, Јамал, Олмо, Баена, Ојарзабал.
ФРАНЦИЈА: Мењан, Кунде, Салиба, Упамекано, Дињ, Чуамени, Рабио, Дембеле, Олисе, Баркола, Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
