СОСТАВИ „ЕЛ КЛАСИКО“: Куман и Зидан седнаа по една „ѕвезда“ на клупата

Роналд Куман и Зинедин Зидан приредија мали изненадувања во составите на Барселона и на Реал Мадрид на големото дерби што ќе се игра попладнево (16 часот) на „Камп Ноу“.

Антоан Гризман и овој натпревар на Барса ќе го почне од клупата, откако Куман се реши за формација со Меси како „лажна деветка“. За разлика од последниот дуел со Ференцварош во ЛШ, овојпат шанса од првата минута ќе добие тинејџерот Педри, додека на клупата за резерви ќе се пресели Португалецот Тринкао. Важно за Барса е враќањето на левиот бек Алба, а на десната страна Дест доби предност пред Серхио Роберто.

Зидан се реши за среден ред составен од Кашемиро, Валверде и Крос, што значи дека меѓу првите единаесетмина ќе нема место за Лука Модриќ. Начо е стартер на десен бек, Менди доби предност пред Марсело на лев бек, додека Винисиус и Асенсио ќе бидат поддршка за Карим Бензема во нападот на „кралевите“.

БАРСЕЛОНА: Нето, Дест, Пике, Ленгле, Алба, Бускетс, Де Јонг, Педри, Кутињо, Фати, Меси.

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Начо, Менди, Рамос, Варан, Валверде, Крос, Кашемиро, Асенсио, Винисиус, Бензема.

Се вчитува...