СОСТАВИ „ЕЛ КЛАСИКО“: Реал Мадрид ултра-офанзивно против Барса

Барселона вечерва ќе го пречека Реал Мадрид во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч во „Копа дел реј“. Првиот натпревар одигран на „Сантијаго Бернабеу“ Каталонците го добија со минимални 0-1.

Вечерва Карло Анчелоти на „Камп ноу“ ќе истрча ултраофанзивно. Во нападот на Бензема друштво ќе му прави бразилскиот тандем Вини Џуниор/Родриго, додека веднаш зад нив ќе бидат Крос, Модриќ и Валверде.

Чави се реши во нападот да стартува со Левандовски, Рафиња и Гави.

 

 

Се вчитува...