СОСТАВИ „ЕЛ КЛАСИКО“: Реал тргнува со Бејл, Алкасер го менува Нејмар

Герет Бејл ќе го стартува големото дерби со Барселона, одлучи вечерва Зинедин Зидан вклучувајќи го велшкиот фудбалер меѓу првите единаесетмина на „кралскиот клуб“ за денешното „Ел Класико“. Велшанецот ги пропушти последните натпревари на Реал поради повреда, но успеа да се рехабилитира навреме за да им помогне на соиграчите во клучниот меч во трката за титулата.

На спротивната страна, Луис Енрике го остави Маскерано на клупата давајќи му предност на Умтити во срцето на одбраната на Барса крај Жерар Пике. Бускетс, Ракитиќ и Иниеста ќе го сочинуваат средниот ред во формацијата 4-3-3, каде очекувано местото на суспендираниот Нејмар му припадна на Пако Алкасер.

РЕАЛ МАДРИД: Навас, Карвахал, Рамос, Начо, Марсело, Кашемиро, Модриќ, Крос, Бејл, Роналдо, Бенззема.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Пике, Умтити, Алба, Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Алкасер, Меси, Суарез.

Се вчитува...