СОСТАВИ: Германците се крстат во Тимо Вернер на „Вембли“

Германскиот селектор Јоаким Лев се реши за храбра одлука за денешниот осминафинале против Англија, вклучувајќи го во стартниот тим Тимо Вернер. Асот на Челси се наоѓаше во слаба форма и на клупски и на репрезентативен план пред крајот на сезоната, тој не беше стартер на трите средби на Германија во групната фаза, но Лев сепак му даде шанса од првата минута на „Вембли“, како предводник на нападот заедно со Милер и со Хаверц.

Горецка, кој го постигна голот за реми против Унгарија со што Германците се пласираа во осминафиналето, добива шанса од првата минута на местото на Гундоган, а во однос на тој дуел во стартниот тим на Германија ќе го нема тандемот на Баерн Минхен, Сане – Гнабри.

На спротивната страна, Англичаните своите надежи ги полагаат во тандемот Стерлинг – Кејн, кој ќе има поддршка од младиот крилен офанзивец на Арсенал, Сака. Џек Грилиш повторно ќе го нема во составот на „гордиот албион“ и покрај добриот впечаток оставен на последниот натпревар, а во тимот ќе ги нема ниту Маунт и Чилвел, кои се најдоа во самоизолација поради контактот со Гилмур по мечот со Шкотска.

АНГЛИЈА – ГЕРМАНИЈА

АНГЛИЈА: Пикфорд, Вокер, Мегваер, Стоунс, Трипие, Шоу, Рајс, Филипс, Сака, Стерлинг, Кејн.

ГЕРМАНИЈА: Нојер, Рудигер, Гинтер, Хумелс, Госенс, Кимих, Крос, Горецка, Хаверц, Милер, Вернер.

Се вчитува...