Состави ЛШ: Елмас остана на клупа, Барса со едно изненадување

Елиф Елмас остана на клупата на Наполи и ќе се надева дека ќе влезе во игра во тек од дуелот со Барселона, прва осминфинална пресметка против каталонскиот гигант. Гатузо реши да им даде предност на поискусните Деме, Руиз и Зиелински во средниот ред за „војата“ со Барса, а Мертенс доби шанса како најистурен во нападот во ситуација кога Милик не е стопроцентно подготвен по незгодната повреда.

Кике Сетиен повторно се реши за формација со Видал како „лажна деветка“, барајќи во Чилеанецот решение за напаѓачката криза по повредите на Суарез и на Дембеле. Тренерот на Барса изненади со една одлука, да го пресели на клупата Ленгле, кој играше одлично во последно време, давајќи му предност пред него на Самуел Умтити.

Френк Лампард се реши за формација со тројца во линија во одбраната, помогнати од бековите Алонсо и Џејмс. Стратегот на Челси го остави Вилијан на клупата за резерви, додека како најистурен во нападот го избра Жиру, пред Абрахам и Батшуаи.

НАПОЛИ – БАРСЕЛОНА

Наполи: Оспина, Ди Лоренцо, Марио Руи, Максимовиќ, Манолас, Деме, Руиз, Зиелински, Калјехон, Мертенс, Инсиње.

Барселона: Тер Штеген, Семедо, Жуниор, Пике, Умтити, Бускетс, Ракитиќ, Де Јонг, Видал, Меси, Гризман.

ЧЕЛСИ – БАЕРН М.

Челси: Кабалјеро, Рудигер, Крисенсен, Азпиликуета, Џејмс, Алонсо, Жоргињо, Баркли, Ковачиќ, Маунт, Жиру.

Баерн: Нојер, Павар, Боатенг, Алаба, Дејвис, Кимих, Тијаго, Гнабри, Коман, Милер, Левандовски.

Се вчитува...