Состави ЛШ: Јуве напаѓа со Роналдо и Дибала против Лион

Јувентус е фаворит на гостувањето кај Лион во Франција во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Тренерот Маурицио Сари одлучи навалната линија да ја предводат Кристијано Роналдо и Пауло Дибала. На клупата остана Гонзало Игуаин. По повредата, во средниот ред се враќа Миралем Пјаниќ.

Лион ќе се обиде да ја затресе мрежата на Шчешни преку Муса Дембеле и Карл Токо Екамби, а како поддршка во средниот ред ќе бидат Мусам Ауар и Лукас Тусар. Подолг период во редовите на Лион го нема повредениот Мемфис Депај.

Еве ги почетните состави за дуелот меѓу Лион и Јувентус…

Лион: Лопез, Денајер, Марсело, Марсал, Дубоа, Гимараеш, Тусар, Ауар, Корне, Дембеле, Екамби.

Јувентус: Шчешни, Данило, Бонучи, Де Лихт, Алекс Сандро, Бентанкур, Пјаниќ, Рабио, Квадрадо, Дибала, Роналдо.

 

Се вчитува...