Состави ЛШ: Зидан го остави Крос на клупа, а Гвардиола и Агуеро и Стерлинг

Големата пресметка на „Сантијаго Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе почне со калкулации. Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, неочекувано одлучи да го остави на клупата за резерви Тони Крос, а во игра од првата минута ќе биде Лука Модриќ. Во нападот друштво на Карим Бензема ќе му прави Винисиус Жуниор.

Пеп Гвардиола исто така нема да изведе на составот најофанзивна формација. На клупата останаа Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг, а во навалната линија ќе бидат Габриел Хесус и Ријад Марез. Зад нив ќе делуваат Бернардо Силва и Кевин де Бруин.

Еве ги почетните состави за дуелот во Мадрид…

Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Варан, Рамос, Марсело, Кашемиро, Валверде, Модриќ, Иско, Винисиус жуниор, Бензема

Манчестер Сити: Едерсон, Менди, Лапорт, Стоунс, Вокер, Де Брујне, Родри, Гундоган, Бернардо Силва, Марез, Габриел Хесус

 

Се вчитува...