Состави: Реал без Бејл, ПСЖ без Тијаго Силва во првиот тим

Зинедин Зидан и Унаи Емери ги објавија имињата на стартните тимови за вечерашната мега-пресметка на „Сантијаго Бернабеу“ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Герет Бејл се пресели на клупата за резерви за вечерашниот натпревар во Мадрид, откако Зидан ја прекина „војната“ со Иско и го врати шпанскиот репрезентативец во тимот за овој дуел со „светците“ од Париз. Зидан за оваа средба се реши за следните единаесетмина: Навас, Начо, Марсело, Рамос, Варан, Кашемиро, Крос, Модриќ, Иско, Бензема, Роналдо.

На спротивната страна, изненадувачки потег повлече и Унаи Емери, кој го остави на клупата Тијаго Силва, пред него давајќи му предност на младиот Кимпембе. Во ситуација кога Курзава не е „фит“ шанса на лев бек ќе добие Бершиш, додека Ласана Диара по зимскиот трансфер ќе добие шанса за деби во ЛШ против својот поранешен клуб.

ПСЖ вечерва ќе истрча на „Сантијаго Бернабеу“ со следниот тим: Ареола, Алвеш, Бершиш, Кимпембе, Маркињос, Диара, Верати, Рабио, Мбапе, Нејмар, Кавани.

Се вчитува...