СОСТАВИ: Седло оди „на искуство“, Глигоров на местото на Исени

Двајцата тренери ги објавија составите за денешниот реванш дуел меѓу Вардар и Малме, кој ќе стартува од 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Гоце Седлоски во однос на првиот натпревар се реши за само една замена во составот, па во средниот ред ќе му даде предност на искусниот Никола Глигоров на местото на Исени, кој го стартуваше првиот меч во Шведска.

Така, Вардар ќе истрча на денешниот дуел со следните единаесетмина: Гачевски, Хамбарџумјан, Демири, Новак, Грнчаров, Глигоров, Спировски, Николов, Фелипе, Барсегјан, Балотели.

На спротивната страна, Малме ќе биде посилен за капитенот Розенберг, откако одличниот голгетер се рехабилитираше од повредата и ќе го предводи нападот на шведскиот првак во Струмица. Гостинскиот тренер се реши за следниот стартен тим: Виланд, Конате, Тинерхолм, Нилсен, Брорсон, Јотун, Бергет, Левицки, Кристијансен, Екрем, Розенберг.

Се вчитува...