Двајцата селектори Томас Тухел и Лионел Скалони се решија за тактички изненадувања во стартниот состав на Англија и на Аргентина за вечерашниот полуфинален меч од СП 2026.
Тухел направи три измени во стартниот тим, а најголемо изненадување е вклучувањето на Роџерс, и тоа на позицијата десно крило каде Сака и Мадуеке не импресионираа во досегашниот дел од мундијалот.
Одлична вест за Англија е рехабилитацијата на Рис Џејмс, кој е „фит“ по повредата поради која пропушти неколку средби од ова СП. Тухел е принуден на рокада на позицијата десен бек, каде Спенс ќе се врати меѓу стартните единаесетмина по повредата на Нико О’Рајли.
Скалони пак се реши за една посериозна промена, на овој суперзначаен дуел давајќи му шанса од првата минута на Џулијано Симеоне. Асот на Атлетико Мадрид имаше само епизодна улога на ова СП, но вечерва ќе добие шанса за блесок на најголемата сцена.
АНГЛИЈА: Пикфорд, Џејмс, Геи, Стоунс, Спенс, Рајс, Андерсон, Роџерс, Гордон, Белингем, Кејн.
АРГЕНТИНА: Е. Мартинез, Молина, Ромеро, Л. Мартинез, Таљафико, Мекалистер, Паредес, Фернандез, Симеоне, Меси, Алварез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
