Состави Вардар – Кил: Борко се враќа на голот на „црвено-црните“, Ландин ќе ги предводи „зебрите“

Борко Ристовски се враќа на голот на Вардар за денешниот натпревар од Лигата на Шампионите против Кил. Искусниот чувар на мрежата го пропушти последното гостување во Данска против Алборг, но во изминатите денови ги надмина здравствените проблеми и денеска ќе биде дел од тимот за дуелот со германскиот ракометен гигант.

На спротивната страна, на голот на Кил од првата минута се очекува да се појави Никлас Ландин. Данскиот голман го пропушти големото бундеслигашко дерби со Магдебург на кое „зебрите“ претрпеа пораз на домашен терен, а  јасно е дека неговиот камбек е голем плус за тимот на Филип Јиха.

Како што претходно беше објавено, Кил допатува во Скопје без двајцата врвни бекови, Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд.

Се вчитува...