СОСТАВИ: Вардар тргнува офанзивно, со Блажевски во стартниот тим

Вардар ќе тргне офанзивно на првиот натпревар од третото квалификациско коло за ЛШ против Копенхаген, откако Гоце Седлоски реши без тактизирање на теренот од првата минута да извади напаѓачки состав. Дејан Блажевски, кој ја раздвижи играта на „црвено-црните“ во вториот дел на реваншот со Малме, овојпат добива шанса од првата минута на местото на далеку подефанзивниот Глигоров. Тој ќе игра во линија со Фелипе и Барсегјан, како поддршка за Балотели како најистурен во нападот на македонскиот првак.

Данците нема да се бранат на „Телеком арена“ вечерва откако тренерот Солбакен се реши за формација 4-4-2 со Сантандер и Павловиќ во нападот, оставајќи го засилувањето од Кипар, Сотириу, на клупата за резерви.

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Демири, Грнчаров, Новак, Спировски, Николов, Блажевски, Фелипе, Барсегјан, Балотели.

КОПЕНХАГЕН: Олсен, Бенгтсон, Јохансон, Боилесен, Луфтнер, Квист, Грегуш, Вербич, Тутух, Павловиќ, Сантандер.

Се вчитува...