Состојбата на Милојевиќ е критична: НБА ќе го одложи мечот Јута – Голден Стејт

Српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ се наоѓа во критична состојба во болница во Солт Лејк Сити, откако доживеа срцев удар за време на тимската вечера со кошаркарите и тренерите на Голден Стејт во пресрет на дуелот со Јута.

Извонредниот стручњак работеше долги години во Мега, потоа замина во Будуќност, од каде се пресели во НБА и веќе неколку години е десна рака на Стив Кер во стручниот штаб на Голден Стејт вориорс. По страшната случка тој бил експресно пренесен во клиника во Солт Лејк Сити, лекарите успеале да го реанимираат, но засега нема конкретни информации откако Голден Стејт ќе објави дека „ќе известува за ситуацијата штом имам одредена промена во состојбата“.

Сепак, дека ситуацијата е крајно сериозна говорат и најавите дека НБА планира да го одложи натпреварот Јута – Голден Стејт што треба да се игра вечерва. Телевизијата ЕСПН јавува дека голем дел од играчите на „Воините“ се во шок од она што се случило со српскиот тренер, а фактот дека состојбата во овие петнаесетина часа не се подобрила придонесува за траорна атмосфера во таборот на поранешните шампиони на НБА-лигата.

Останува надежта дека Дејан Милојевиќ ќе ја добие оваа најважна битка…

Се вчитува...