СП 2019: Французите во четвртфинале го чекаат подобриот од дуелот Македонија – Португалија

Ракометната репрезентација на Франција е можниот противник на Македонија во четвртфиналето на Светското кадетско првенство што се одржува во Скопје. Младите Французи беа подобри од Норвешка (33-28) во осминафиналето, потврдувајќи ја високата класа.

Франција беше доминантна уште од стартот покажа доминација, постојано ја имаше предноста и во текот на целиот меч имаше позитива од три до пет гола.

Македонските ракометари во 20.45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ против Португалија ќе се борат за настап во четвртфиналето на мундијалот. Португалците се најпријатното изненадување на СП досега и со беспрекорен биланс стигнаа до нокаут фазата.

Веќе се формирани две четвртфинални двојки. Унгарија која направи подвиг со елиминацијата на Хрватска, ќе игра против Германија која немаше никакви проблеми против Аргентина. Меѓусебен четвртфинален дуел закажаа и Исланд и Египет откако ги добија пресметките со Јапонија, односно Словенија.

Се вчитува...