СП 2026 во „Зона Азури“: Дали сте знаеле…

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје –  „ЗОНА АЗУРИ“.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?

На последните пет средби на Германија во просек беа постигнувани по 4,6 погодоци. Последните три средби на Курасао завршија 4+.

Холандија никогаш не загубила натпревар од Јапонија (две победи и едно реми). Овие две селекции досега имаат еден дуел на светските шампионати, што завршил со триумф на „лалињата“ од 1-0 на СП 2010.

Последните пет победи на Јапонците во пресрет на овој мундијал беа без примен гол.

Брегот на Слоновата Коска ги загуби последните три средби на мундијалите на кои за противник имаше селекција од Јужна Америка.

Само четири од последните 22 средби на селекцијата на Еквадор завршиле 3+.

Шест од последните седум средби на Тунис на светските првенства завршиле со еден гол разлика.

Шведска прими по најмалку еден гол на последните 11 средби во пресрет на овој мундијал.

Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари

Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.

Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!

Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.

Се вчитува...